CSS Template

Крушево домаќин на светската змејарска елита

286

Крушево е град домаќин на над 300 учесници, спортисти на 20-то Европско и 8-то Светско првенство во змејарство класа 5 во дисциплината крос кантри кое се одржува од 9 ти до 21 јули.
Свечениот старт на манифестацијата беше означен со парада на учесниците низ градот водени од млади момчиња и девојчиња облечени во народни носии носејќи ги натписите за секоја земја учесник до центарот на градот каде што се одржа културно забавна програма и настап на музичката група „„Фолтин“.
Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп, село Кривогаштани и регионот на Битола се предвидени местата за слетување и крај (цел) на трките.
Практично во периодот од 9-ти јули до 21-ти јули 2018 година, Пелагонискиот Регион, а посебно Крушево ќе биде арена во која што ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои што ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.
Натпреварите ќе се одржуваат над целиот пелагониски регион, а стартните точки ќе бидат поставени во Крушево, поточно од Мечкин Камен. Благодарение на совршените услови кои ги нуди ова поднебје, пилотите во крос кантри дисциплината ќе имаат можност да прелетаат и по 200 километри во една трка. Имајќи ги предвид преубавите природни пејсажи на регионот и поволните услови за летање, учесниците во првенството ги очекува исклучително адреналинско искуство.
Овие две големи првенства претставуваат одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка, туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање на натпревари од висок ранг.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm