CSS Template

Пивофест – втора вечер: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Mossel (ГАЛЕРИЈА)

350
Avtokontrol1

Пиво, скара и гарантирана забава се очекува и на втората вечер од надалеку прочуениот фестивал во Прилеп. Не само центарот на градот, туку и препознатливиот камперски простор на Паркот на револуцијата е претворен за комплетно уживање на гостите. Паркот и годинава средиште каде што луѓето со авантуристички дух за време на „Пивофест“ овде се релаксираат, и уживаат во добрата забава на журката со ладно пиво и скара, а утрата им почнуваат со вкусен појадок, кафе и чај.
Тие не го криеја своето задоволство од организацијата на кампингот, хигиената, гостопримството и секако од фестивалот, којшто велат им нуди одлична забава
„Многу ми се допаѓа годинешната организација, а поручекот е подобар од претходните години. Се е супер“.
„Многу ми се допаѓа целата забава, навистина сум задоволен. Ние во принцип сакаме кампување. Тука сме веќе петта година, условите се супер, така што одлично си поминуваме“.
„Четврта година кампувам овде. Задоволен сум од услугата, од домаќините“.
Втората вечер од фестивалот на пиво и скара ќе биде уште поинтересен со порелаксирана атмосфера со: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Mossel.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni