CSS Template

Затвореник по преглед во болницата повредил двајца полицајци во Прилеп

363
Avtokontrol1

Затвореник од Казнено-поправната установа -Затвор Прилеп во Прилеп повредил двајца полициски службеници кои требало заедно со уште еден затвореник да ги спроведат од Општата болница во Битола до затворот.
Инцидентот се случил 11 јули околу 16 часот во кругот на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп кога полициските службеници со службено возило требало по завршување на лекарските прегледи на затворениците, да ги вратат до затворот во Прилеп. Во моментот кога затвореникот Р.С. требал да се качи во возилото, извадил нож и почнал да заманува кон полицајците.
Двајцата затвореници Р.Т. и Р.С. се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm