CSS Template

Радио Пела второ по слушаност од локалните радио станици во Македонија

AВМУ ги објави податоците за слушаност за вториот квартал од 2018 година

588
Avtokontrol1

Иако еден од најмладите медиуми во македонскиот простор, Радио Пела за последниве 6 месеци од кога и постои, се наметна меѓу најслушаните локални радио станици во земјава. Изборот на музиката, говорните информативни и забавни содржини, Вие, нашите радио пријатели успеавте да ги препознаете и да ги вреднувате, а ние, екипата на Радио Пела се гордееме со тоа.
На што се должи ваквата оценка?
Според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици Радио Пела се наоѓа на врвот од слушаноста како локално радио.
На прашањето: „Можете ли да ми кажете кои радио станици ги слушавте вчера подолго од 1 минута?“ а се однесува на просечниот дневен досег на локалните радио станици поврзано со претходниот ден од спроведената анкета, за општина Кривогаштани процентот е 14, 29 што е втора највисока вредност споредбено со сите локални радио станици во Македонија.
Табела:

Уште повисока вредност и процент покажува второто испитување кое се однесува на подолг временски период кој опфаќа период од 1 седмица. Имено, анкетното прашање гласи: „Ве молам присетете се на сите радио станици кои ги слушавте изминатата недела подолго од 1 седмица?“
Дадените одговори на испитаниците покажуваат уште поголеми вредности од претходното прашање и според официјалните податоци процентот изнесува 28, 75 , што повторно е втора вредност, на ниво на сите локални радио станици во Република Македонија.
Табела:

Анкетата е спроведена од агенцијата MARKETVISION во соработка со Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и се спроведува на секои 6 месеци со цел да се утврди рејтингот на радио и телевизиските станици кои зрачат локално, регионално или на национално ниво. Податоците се на следниот линк:  Податоци за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната слушаност за вториот квартал од 2018 година

За Радио Пела податоците на оваа анкета е потврда за довербата која ја стекнува кај нашите радио пријатели во периодот во кој што постои како локален медиум со официјален старт од 3 јануари 2018 година.
Радио Пела е најмлад медиум на просторот од Македонија кој за овие 6 месеци успеа да се наметне со своите информативни, забавни, контактни и музички содржини, што пак е поттик за создавање на нови и уште поинтересни емисии. Секако најзначаен удел има музиката на која екипата на Пела посветува особено внимание.
Ценејќи ги потребите на публиката, а во соработка со нашите комерцијални спонзори – пријатели, програмата на Радио Пела ја збогатувавме , па така денес со гордост ви ги претставуваме емисиите:
– Утринско будење ( утринска повеќечасовна програма )
– Пелагониска хроника (информативно политичка емисија која го претставува дневниот пулс на регионот)
– Жешко столче ( информативна – дебатна емисија, интервјуа со гости од различни сфери)
– Музички филиграни (контакно забавна емисија за промоција на македонската музика преку презентација на музички групи и солисти)
– Од млади за млади ( емисија која ја креираат млади – посветена на младите, на нивната интересна сфера, музика, иновации, ИТ технологија)
– Совети за здравје и убавина ( емисија посветена на темите поврзани со медицината, здравствената едукација)
– Културен информатор – инфо катче за случувањата од областа на културата
– Спортски билтен – рубрика која е посветена на дневните спортски настани и случувања.
– На денешен ден – дневна рубрика за потсетување на настаните кои го одбележале денот
– Од верскиот календар – дневна рубрика за православните празници
Но, покрај тоа што Радио Пела може да се следи преку конвенционалните радио приемници, паралелно, нашите радио пријатели можат да не следат и на интернет и тоа на следниот линк http://radiopela.mk/live/ , со тоа сме подостапни и на таков начин поуспешно доаѓаме до целта – да бидеме поблиски и нашите информации и музика да бидат дел од поголем број на семејства не само на локално ниво.
Радио Пела – Пелагонија на дланка, тоа е нашата цел како медиум!

semm
Farma Dolneni
Vivafarm