CSS Template

(ВИДЕО – ФОТО) Град и силен ветер во целост го уништи земјоделскиот род во прилепско

767

Град, со силен ветер и дожд денеска направи огромни штети врз земјоделските насади во прилепско. Постарите жителни велат дека не паметат толку интензивен град со големина на орев, проследен со силен ветер што ги зафати атарите на селата Мало и Големо Коњари, Кадино и уништи се пред себе.
Невремето започна околу пладне во траење од половина час. Тутунските насади кои се во поодмината фаза, градинарските култури, пиперот, па дури и пченката се во целост уништени.
Инаку, ова е втор пат за точно две седмици регионот на прилепско да биде зафатен од силно невреме.
За претходната временска непогода општинската комисија за проценка на штетите биле поднесени вкупно 105 барања од земјоделците, додека, како што велат од Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп, дополнително ќе се поднесуваат пријави за проценка.

Видеото и фотографиите говорат повеќе за денешните штети, проследете ги:

Posted by Trajanco Stojanoski on Monday, July 23, 2018

Posted by Trajanco Stojanoski on Monday, July 23, 2018

 

Posted by Trajanco Stojanoski on Monday, July 23, 2018

 

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni