CSS Template

Минијатурните селски ќуќички на Емил Димоски за прв пат изложени во Турција

539

Прилепскиот ракотворец ,Емил Димоски, кои е познат по изработката на минијатурни макети од стари селски куќи, изработени од природни матерјали, со своите уникатни минијатурни дела,  деновив престојува во Турција, по покана на организаторот на уметничкиот фестивал, кој бил  воодушевен од неговите дела. Емил деновиве  зеде учество на 31-от по ред културно – уметнички фестивал во Шиле, Турција , пристанишно градче со 35 илијади жтели, кое плени со својата убавина и каде го има најстариот светилник во Турција, кој датира од 1860 год.

Емил Димески на уметничкиот фестивал во Шиле, кој наликува на базар, се престави со неколку негови дела, но и со директни изработки на рејљефни фотографии од природни матерјали, кои ги изработувал на самото место, што ги воодушевило присутните.

„Со ова публиката можеше да види во живо, како,на кои начин , ги изработувам моите дела од минијатури, а јас бев воодушевен од организацијата, присутноста и интересот за моите макети, кои ја преставуваат македонската традиција и етничко – архитектонските и фолклорните обележја на македонските села“   – изјави Емил Димоски за Радо Пела

На културно – уметнички фестивал во Шиле, учество зедоа преставници од 50-тина земји, а меѓу нивните знамиња се вееше и македонското, што, како што вели  Емил  Димоски“ ми беше посебна чест и гордост, бидејќи сум претставник од  Македонија во оваа пријателска и убава земја, каде се вее македонското знаме,межу останатите“

 

 

Целта на фестивалот е учесниците да се претстават со дела уникатни и карактерстични за нивниот фолклор и традиција. Градоначалникот на Шиле, беше дел од овој настан и им додели благодарници и признанија на учесниците.

Својот престој во Турција, прилепчанецот, ракотворецот на минијатурните селски куќи, Емил Димоски, го продолжи во Истанбул, во општина Бујукчекмече, како учесник на 19-от по ред Интенрационалниот фестивал на културата и уметноста,кој средечно ги прими учецнците.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm