CSS Template

Рускиот aмбасадор, Шчербак : „ Војната не е инструмент за решавање на проблемите меѓу конфронтираните народи. Светот треба да го брани мирот “

300

Пред споменикот на руските војници, на Германските воени гробишта во Прилеп, по повод Денот на сеќавања на загинатите руски војници за време на Првата светска војна, Ден кој се одбележува и во Русија, претставници од Амбасадата на Русија во Македонија, од Министерството за одбрана, локалната самоуправа, преставници од руското граѓанско здружение и граѓани, положија свежо цвеќе пред спомен плочата каде што лежат 10 руски војници, а прилепското архиерејско намесништво одржа панихида за загинатите..

Рускиот амасадор, Олег Шчербак кој присуствуваше на настанот, во сеќавање на загинатите 10 руски војници кои загинале на територијата на Македонија, потенцира дека денеска им се оддава чест на сите војниците кои загинале во оваа трагична војна „,меѓу кои и 10 илјади Македонци“-  рече тој и нагласи дека токму оваа е приликата да сфатиме дека војната не е инструмент за решавање на проблемите меѓу конфронтираните народи, тука „Светот треба да го брани мирот и да го чува мирот“- рече тој

„Оваа војна е одамна, но сеќавањето уште се чува кај денешните генерации. Првата Светска Војна беше огромна трагедија за светот, затоа што загинаа 40 милиони луѓе, од кои 8 милиони се мои сонародници. Денеска ние не се сеќаваме само на жртвите на Рускиот народ, тука на жртвите кои ги дале сите народи кои беа инволвирани во трагична војна, а меѓу нив и 10 илијади загинати Македонци.

За нас овој ден е повод да се сфатиме колку се трагични последиците кои ги носи војната. Овој ден е прилика да сфатиме уште еднаш дека војната не може да служи како инструмент за решавање на меѓународнте и регионални проблеми помеѓу некои народи. Во контекст на оваа страшна трагедија (Првата Светска Војна), ние мораме да сфатиме дека Светот треба да го брани мирот и да го чува мирот. Да сфатиме дека војната не може да биде решение за решавање на конфликтите –  предупреди Рускиот амбасадор во Р. Македонија, Олег Шчербак.

1-ви Август е ден кога Русија го одбележува Денот на сеќавањето на Руските војници кои што загинаа за време на Првата Светска  Војна. На територијата на Македонија загинати се 5 000 руски војници . “Рускиот крст“ како спомен обележје, во кругот на Меморијалниот центар – германски гробишта во Прилеп, е поставен во 2014-та година, во рамките на чествувањата – 100 години од крајот на Првата светска војна.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm