CSS Template

Прилеп ги одбелeжа двата Илинденa

347
Avtokontrol1

Прилеп го одбелeжа, Денот на Републиката ,Ден на стремежот на македонскиот народ за создавање сопствена држава, 2-ри Август 1903 г. и 2-ри Август 1944 г, кога се одржа Првото заседание на АСНОМ, на кое беа верификувани придобивките од антифашистичката борба на македонскиот народи и поставени темелите на македонската држава.

По повод Илинден, делегации од локалната самоуправа, од Советот на Општина Прилеп, престaвници на политичките партии, преставници од Борeчката организација-Прилеп и делегации од граѓански здруженија и граѓани положија   свежи цвеќиња пред споменикот на првиот Претседател на Асномска Македонија, Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на народниот херој  Кузман Јосифоски – Питу еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941) и на НОБ во Македонија (1941-1944), прд споменикот на Ѓорче Петров,  идеолог на Македонската револуционерна организација, пред  спомен обележјето на  Пере Тошев  и свежи  цвеќиња пред Алејата на народните херои, споменикот на „Жена борец“ и Могилата на непобедените.во Паркот на револуцијата.

Денес Македонскиот народ слави 74 години од АСНОМ и 115 години од Илинденското востание. Македонскиот Илинден е клуч за иднината на македонскиот народ и неговиот идентитет. Илинден е празник на македонското срце и душа, зашто Македонците го почувствуваа востанието како свое дело, независно од надворешните провокации. Затоа, за разлика од други ослободителни движења на Балканот, по поразот раководителите не беа обвинувани. Востанието било примено како народен, а не политички акт.

Зрелоста на македонскиот народ се покажала на 2 август 1944 г., кога Антифашистичкото собрание на народно ослободување на Македонија ги поставило основите на современата македонска држава. Седудесет и четрвртата година од тој настан , како и споменот за Илинден, 1903 и 115 годишнината од Илинденското востане, се повод за семакедонско славење, сплотување но и предупредување за денешните македонски политичари дека Македонија знае да слави, но и да ги казни тие кои дејствуваат спротивно на македонските народни и државни интереси.

Честитка по повод двата Илиндени ,упати градоначалникот на Прилеп, кој во своето обраќање меѓу дргуото рече:

 

 

 

„2-ри Август 1903, е светол датум од македонската историја кога со огромнa почит го славиме делото на илинденските револуционери, нивниот стремеж и жртва за слобода и сопствена држава. Втори август е денот кога го славиме и Првото заседание на АСНОМ,1944 г., денот кога е ставен темелот на идеалот – македонската држава! И, денес, кога по 27 години сувереност и независност на  Република Македонија сме исправени пред предизвиците кога за граѓаните на оваа држава се отвора патот кон НАТО и ЕУ, уште поголемо е значењето на овој празник„ -истакна во своето видео обраќање градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

ОО на СДСМ преку писмено соопштение до медумите,исто така, им го честита празникот на македонскот народ. Во него се вели:

 

„ Денеска, славејќи го 2-ри Август 1903, почетокот на Илинденското востание, еден од најсветлите датуми во нашата историја, се сеќаваме на големото дело и саможртвата на илинденците, револуционерите, борците, на нивниот стремеж за сопствена држава. Во исто време, се сеќаваме и на 2 Август 1944 и на Првото заседание на АСНОМ, кога беа верификувани придобивките од антифашистичката борба и кога беа поставени темелите на македонската држава.

2 Август, Илинден, е денот кој треба да не’ обединува, денот кој треба да не’ потсетува на знајните и незнајни херои, кои со својата саможртва се вградиле во темелите на денешната држава. Да не’ потсетува дека она што некогаш било стремеж за слобода и сопствена држава, денеска е стремеж за градење подобар живот за нашите граѓани, борба за повеќе работни места и нови инвестиции.

Само обединети околу идејата за влез во заедницата на европските народи, во ЕУ и НАТО, ќе се избориме за подобар и посреќен живот на сегашните и идните генерации“-се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на ОО СДСМ – Прилеп

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm