CSS Template

Октетот „Прилеп“ се закити со уште една награда од фестивалите

386
Avtokontrol1

Oктетот „Прилеп“ како учесник на Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола, за својот настап на 31.07.2018 година доби награда од жирито на фестивалот за најдобра изведба на староградска музика.
Октетот работи под закрила на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп повеќе од 15 години, има издадено 3 албуми со 40 композиции и продолжува успешно да ја одржува традицијата за страроградска музика. Од октетите кои функционираат во Македонија, октетот „Прилеп“ остана единствен активен на староградска музика кој функционира непрекинато, со редовни концертни настапи и проби.
Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni