CSS Template

Во Прилеп, вечер посветена на унгарската култура

427
Avtokontrol1

 

Со прекрасни танци и ора, како репрезентативен дел од автентичната унгарска култура, вечерва на просторот околу Градскиот Саат се одржа „Унгарска вечер“, на којашто настапија оркестарот „Фокош“ и ГФ „Селенце“.
Фолклорната група „Селенце“ е дел од културното друштво „Шандор Петефи“ од Бечеј, Војводина, припаѓа на елитното друштво фолклорни групи и редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина. 
А, членовите на оркестарот „Фокош“ којшто е исто така од Бечеј, исклучително свират унгарска народна музика.
Вечерта посветена на унгарската култура во Прилеп, се одржа во организација на центарот за култура „Марко Цепенков“, здружението на Унгарци, „Телехаз“ и амбасадата на Унгарија во Македонија. Предизвика интерес меѓу граѓаните, а во редот на почесните гости беше градоначалникот Илија Јованоски.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni