CSS Template

Македонскиот јазик наскоро во српските училишта

994
Avtokontrol1

Проектот за воведување на македонскиот јазик во српските основни училишта би требало наскоро да биде реализиран во соработка со Министерството за образование, најави претседателот на Национален совет на македонската заедница во Србија, Борче Величковски.
Тој ја пофали добрата соработка на македонската национална заедница со локалната самоуправа во Врање, каде што беше приреден прием за новиот амбасадор на Македонија во Белград, Васко Грков, и за претставниците на Македонците од Србија.
Грков нагласи дека Македонија е отворена и подготвена за секој вид соработка со Србија.
„Во економската сфера е потребно да се оствари поконкретна соработка, а еден од начините е меѓусебната соработка на регионалните стопански комори. Исто така, заинтересирани сме и за соработка во сферите на културата и на образованието“, изјави амбасадорот.
Во минатата школска година во Македонија на српски јазик учеле 161 основец во три училишта: во Кучевиште на Скопска Црна Гора, како и во кумановските села Табановце и Старо Нагоричане. Меѓу нив имало само 18 првачиња.
Според пописот од 2002 година, во Србија живеат 25.847 Македонци, а во Македонија 35.939 Срби.

Извор: Република.мк

semm
Farma Dolneni
Vivafarm