CSS Template

Кои се финалистите на турнирот во мал фудбал во Кривогаштани?!

353
Avtokontrol1

Вечерва се одиграа полуфиналните средби на турниорот во мал фудбал во Кривогаштани. Во полуфиналето се сретнаа екипите: Теа Андреа Прилеп и Асан од Кичево, како и екипите на Центар од Прилеп и Бучин. Многубројната публика уживаше во двата интересни дуели и фудбалски мајстории на отвореното повеќенаменско игралиште. Во натпреварот помеѓу екипите на Центар од Прилеп и Бучин победи екипата на Бучин со резултат 0:4, а на средбата Теа Андреа Прилеп и Асан од Кичево подобри беа фудбалерите на Асан со резултат од 0:1.
Утре, 27 август завршува 17 дневниот традиционален турнир во мал фудбал во Кривогаштани. Во финалето за прво ќе се сретнат екипите на Бучин и на Асан Кичево. А за 3 тото место ќе надигруваат Центар Прилеп и Теа Андреа Прилеп.
– Оваа година турнирот има најголем број на учесници. Турнирот е под покровителство на Општина Кривогаштани. Учество зедоа 32 екипи. Натпреварите во мал фудбал се одржува трета година по ред. Оваа година карактеристично е што наградниот фонд за првото место е најголем и изнесува 70.000 денари, а за вицешампионот 30.000 додека третопласираната екипа ќе освои 15.000 денари, рече Николче Папучкоски од Општина Кривогаштани за Радио Пела.
Наградите за најдобрите екипи утре, ден пред празникот христијанскиот празник Голема Богородица ќе ги додели градоначалникот на Општина Кривогаштани.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni