CSS Template

Денес се слави Успение на Пресвета Богородица

728

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — е еден од најголемите христијански празници кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.
Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
Што вели историјата?
Иако Епифаниј од Саламис во 377. година напишал дека никој не ја знаел судбината на Марија, барем од V век постојат наводи за успението на Марија. Најстариот запис е „Книгата на сеќавањето на Марија“ . Иако книгата е најверојатно од IV век, текстот може да е и постар, дури и од III век. Исто така, и во ракописи на сириски јазик од V и VI век.
Подоцнежни написи кои го потврдуваат успението на Марија се книгата De Obitu S. Dominae, која му се припишува на Свети Јован Богослов od VI век, како и книгата De Transitu Virginis од доцниот V век која му се припишува на Свети Мелитон од Сардис, кајшто се раскажува и дека „апостолите до смртната постела на Марија биле донесени на бели облачиња, секој од градот кајшто проповедал во моментот“.
Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес, во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека Апостолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.
Црковна традиција
Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава. Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката, источата и коптската. Сите го слават денот на успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат Јулијанскиот календар, оваа дата паѓа на 28 август, а на празникот му претходи 14-дневен пост.

Празник на македонските рудари

Македонските рудари денеска во своите домови и рудници ја слават својата заштитничка Голема Богородица, а на 31 август ќе се одржи централната прослава во организација на Министерството за економија во Скопје, каде ќе бидат наградени најдобрите рудари од македонските рудници.
Празникот Успение на Пресвета Богородица е државен празник во Република Македонија.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni