CSS Template

Зошто се преуредуваат маалските парковски површини?!

368
Avtokontrol1

Денеска ОК На ВМРО на прес конференција обвини  „Локалната власт предводена од градоначалникот Јованоски, не само што не реализира ниту еден значаен проект од предизборната програма, туку напротив, го уништува и сето она што го наследи од претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Прилеп беше град препознaтлив по зелените парковски површини и фонтани, распространети речиси низ сите населби. Во текот на вчерашниот ден, граѓаните на Општина Прилеп, изразија загриженост, поради сликата со која се соочија во нивните населени места. Сведочат како тоа коритата низ кои поминува водата, се посипуваат со песок па така се поставува прашањето дали локалната власт планира да ги стави вон функција фонтаните ширум градот? Дали оваа локална власт на чело со Илија Јованоски не е способна да одржува неколку фонтани, не пак да изгради нешто свое, нешто ново?Парковите во Димо Наредникот, паркот во населба Ѓогдере се само дел од местата кои важеа за едни од најубавите во Општина Прилеп, а секојдневната негрижа на СДС, ги враќа во времето на Пирганоски, кога освен ископини и песок, немаше речиси ниту една уредена парковска површина. “-межудругото рекоа  од ОК на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата

 

На ова, во писмена форма реагираа од ОО на СДСМ Во нивната реакција меѓудругото пишува„Езерото во паркот во населбата Ѓогдере, којшто со средства од Општина Прилеп го градела кумовската фирма „Новоградба“, како и фонтаната на улицата „Димо Наредникот“  биле изградени без да се земе во обзир безбедноста на децата и противењето на сите станари од околните згради.Очигледно, како и со се друго што правела власта предводена од Марјан Ристески, и во овој случај не се водело сметка за правилата и прописите, па дури ниту за безбедноста на најмладите, освен за интересите на неколку фирми и поединци.Затоа, новата локална власт, во разговор и по претходно писмено барање на граѓаните, интервенираше и започна процес за уредување на овие локации со тревна и цветна површина.„напишаа од Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп

ЈКП Комуналец  како најповикано го даде следното писмено образложение на оваа состојба.Тие истакна „Должни сме  да објасниме пред  јавноста што  работиме и кои се причините за преуредување на одредени делови низ градов.Централниот дел на улицата,,Димо Наредникот,, е граден и пуштен во употреба во 2009 година. Од самиот старт со работа на овие улични фонатани/ гејзери,  се јавија големи проблеми  во работењето на системите за регулирање и вртење на водата , како и системите за естетско осветлување, заради фрекветноста во сообраќајот на оваа улица. Години и години, фонатаните  повеќе нефункционира, отколку што функционира.  Последниве три  години,  воопшто  не беа пуштени во работа, ниту  ја вршеа функцијата за која беа изградени. Но, како главна причина за нашаето моментално преуредување на овој дел  е,  безбедноста во сообраќајот и најмладите.  Децата,  често  гејзерите ги користеа за игра, а системите  за вода и осветлување  користат  електрична енергија.  Но, секоја изведба и изградба има свој  рок на траење и оправданост во функционирањето и пред се безбедноста. Централниот дел  иако во порвите две  години беше  новина за сите нас  и  украс на градов, последниве  години се покажа  како нефинкционален и  небезбеден , па отука и одлуката, тој да се преуреди  во цветна алеа која ќе претставува украс во населбата ,, Димо Наредникот,,.Детскиот парк со езеро во населбата ,,Ѓогдере,, е изграден  со средства од Локалната самоуправа  со изведувач .  По неговата изградба освен  делот со детско игралиште, езерото не е ставено  во функција. Граѓаните од населбата   езерото го сметаа  небезбеден за најмаладите и испраќаа петиции  општината и до,, Комуналец,,.  Локалната самоуправа ни издаде налог за преуредување на овој дел. Од пред  2 недели е комплетно преуреден во парк со тревната површина и хортикултурно уредување и е ставен во функција на градот и граѓаните.„ – се вели во нивнотo писмено образложение за причините зошто се преуредуваат одредени јавни парковски површини.

 

semm
Vivafarm
Farma Dolneni