CSS Template

Прилеп се вклучува во Светскиот ден на чистењето

403
Avtokontrol1

Општина Прилеп по повод Светскиот ден на чистењето, 15 Септември, се вклучува во светската еколошка акција за чистење на отпад. Акцијата ќе се организира утре, сабота, кога и се одбележува Светскиот ден на чистењето а се вклучуваат јавните претпријатија, училиштата, граѓанскиот скетор, но и граѓани. Утре акцијата ќе се спроведува за чистење на дива депонија на градската река, на потегот во населбата „Тризла“.
Активностите ќе ги спроведува и координира Општина Прилеп со двете јавни претпријатија: ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“.
Освен тоа, на овој ден, во сите училишта во градот, учениците ќе бидат вклучени во доброволна акција за чистење, на своите училишта.

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ на ниво на Македонија го популаризира Светскиот ден на чистење како иницијатива на движењето„Let’s Do It! World“. Од 2008 година, речиси 20 милиони луѓе од целиот свет се приклучија на ова движење, а на 15 септември 2018 година се очекува милиони волонтери во мрежа од 150 земји да се обединат да го чистат светот во еден ден.
Во Република Македонија активностите се реализираат во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање. „Let’s Do It! World“ е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm