CSS Template

Изложба ,Еврејски приказни од Битола, Сплит, Сараево, Дубровник и Белград

286

Еврејски приказни од Битола, Сплит, Сараево, Дубровник и Белград, утре, вторник  25 септември , во 12.00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефард ските Евреи од западниот Балкан“, што е проект на Центропа и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

 Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“,  е дизајнирана во 2017 година, а куратор на изложабата е Едвард Серота, директорот на Центропа.Тоа се пет еврејски приказни од Сплит, Дубровник, Белград, Битола и Сараево

Инку, Центропа е еврејски историски институт со седиште во Виена, Хамбург, Будимпешта и Вашингтон. Таа се занимава со зачувување на семејните еврејски приказни од 20-тиот век од Централна , Источна Европа и Балканот, како  и пренесување на овие приказни преку фотографии, филмови, книги, публикации и изложби.

Од 2000 до 2009 Центропа интервјуираше 1 200 Евреи од 15 земји во Европа, со цел да дознае многу повеќе за нив, а не само за тоа како исчезнале нивните семејства за време на холокаустот. Тимот на Центропа дигитализираше 22 000 нивни стари фотографии, низ кои се прикажани нивните животни приказни – приказните на нивните баби и дедовци, но и на нивните внуци. Оваа изложба го отсликува дваесеттиот век прикажан преку пет интервјуа на Центропа од Западниот Балкан.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm