CSS Template

Победа минимално поразена во Штип од Вардар (0:1)

419
Avtokontrol1

Македонското дерби на новиот „домашен“ терен во Штип на Победа против Вардар, не и донесе среќа. Во осмото коло Победа совладана од добриот Вардар со минимални 0:1, полувреме 0 : 0. Во безидејна игра која особено беше карактеристична во првите 45 мин, преовладуваше играта на средината од теренот, со незначајни иницијативи на голот. Вардар дојде до победата во 59. минута од дуелот, кога Владица Брдаровски нафрли, а топката со глава ја удри Мицевски, но таа заврши во стативата и се одби до Вилијан Лира, кој со леснотија го совлада Дарко Тофиловски.
По примениот гол Победа се отвори, Мустафов се обидуваше од далечина да го надмудри Гачевски, исто така шанси имаше и Јаник Макота, но за жал без успех. Наизгледна шанса има пред крајот на натпреварот имаше Нвабуезе.
Осмото коло го зацврсти Вардар на врвот во ПМФЛ, како екипа која е единствена непоразена со 20 бода. Победа, е на четврто место со 11 бода. Во наредното коло Победа гостува во Ѓорче Петров.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm