CSS Template

Бруцошите од Економскиот факултет – Прилеп од денeска влегуваат во тајните на економијата

366
Avtokontrol1

Во присуство на заменик Министерот за обраование и наука, Петар Арсов, кој присуствуваше на почетокот на новата студентска година во Прилеп, ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Сашо Коруноски., новиот декан на Економскиот, факултет проф.д-р Драгица Оџаклиеска и градоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски, денска на Економскиот факултет –Прилеп се одржа првиот академски час .

Ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Сашо Коруноски., при оваа средба со студентите истакна дека во моментов поголем дел до нив својата идинина ја гледале во странство, но сите треба да направиме да ови студенти да ја гледаат својата переспетива дома ,рече тој:

„Сите оние студенти кои ни го довериле своето образование во наредните 3 или 4 години ќе бидат задоволни од трудот и напорот на целиот кадар на Унииверзитетот и дека ќе ги постигнат зацртаните цели. А тоа една успешна професионална кариера која ќе им овозможи градење на една просперитетна држава. Ние како Универзитет често зборуваме дека сме општествено одговорни како јавен унииверзитет, било тоа да е преку образованието на кадри, но и поврзувањето со другите институции, како бизнис и небизнис секторот. Затоа треба заеднички да направикме овие млади луѓе да ја добијат заслужената перспектива“, кажа, Ректорот на Универзитетот „св. Климент Охридски“ – Битола, проф.д-р Сашо Коруноски.

Заменик министерот за образование Петар Арсов при оваа прилика рече.

„Јавните универзитети имаат поддршка преку буџетот на Македонија и секако може да се вложува дополнително затоа што и во инфраструктурата и во наставата и во сето она што значи студентскии живот и секојдневие има простор за подобрување на тој квалитет. Студентите се популација кои во овој момент најчесто сонуваат своите кариери да ги поминат некаде на други простори, а наша главна политичка цел е на младите денес да им овозможиме што подобар развој и што е можно подобро и поквалитетно образование за да останат тука. А и оние најдобрите кои се надвор да ги вратиме. Државата може многу да помогне и секако преку професорите, преку студентите заедно да ја градиме Република Македонија“, изјави заменик министерот за образование, Петар Арсов.

 

„Ние сме отворени за соработка  со стопанството и со бизнис заедницата. Соработката ја реализираме преку бројни предавања на експерти и професори. Како и презентации на добри деловни практики и искуства од страна на претставници на бизнис заедницата“, истакна новиот декан на Економскиот факултет во Прилеп, проф.д-р Драгица Оџаклиеска на првот академски час

 

Градоначалникот Јованоски рече дека бизнис секторот преку инвестиции во средните училишта и факултетот можат да учествуваат во подготовката На идните стручни кадри во Прилеп.

Оваа година на Економскиот факултет-Прилеп, моментно се запишале повеќе од стотина студени, но постојт уште три уписни рока, па се очекува број да биде околу 200,а уписните рокови се уште биле во тек. нови студенти. Најатрактивни се студиските програми за сметководство и финансии и банкарство и фиинансии. Инаку,на Економскиот факултет во Прилеп има над 800 студенти.Што се однесува до Универзитетот „Свети Климент Охридски“,во чии рамки раб оти и Економскиот факултет-Приеиле оваа година на 11 –те факултети  има 8.500 струденти од кои 1.300 се бруцоши/

semm
Farma Dolneni
Vivafarm