CSS Template

Вработените од Еурокомпозит в понеделник на протести пред Владата

318
Avtokontrol1

Изготвен и испратен е списокот до Центарот за вработување за групата од 130 работници кои треба да заминат како технолошки вишок од Еурокомпозит, но пари нема за исплата на отпремнини. Државата, покрај тоа, им должи и по 16 заостанати плати.
– Отпремнината која му следува, тоа се 7 просечни нето плати, условот е таа отпремнина нив да му остани во побарување од идниот купувач или власта кога ќе биде во можност да ги исплати. Вработените имаат веќе во побарување по 16 плати. Со оваа понуда не само што не можат групата како технолошки вишок да си ги земе тие отпремнини, туку тие не се сигурни дека ќе се извршат потребните законски измени, пред се поради актуелната политичка состојба , најавата за предвремени избори и доколку тоа се случи, тој закон нема да биде донесен и практично тие остануваат на улица. Поради ова, ние сите вработените најавуваме дека го активираме штрајкот, така што в понеделник стартуваме со генерален штрајк и заминуваме во Скопје на протест пред Владата. Планираме да бидеме 150 до 200 вработени, или повеќе од 70 отсто од вработените, и со тоа нашето незадоволство, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит.
Според востановената процедура списокот за групата од 130 вработени кои треба да заминат од компанијата како технолошки вишок, треба да го потврди и потпише генералниот директор, и да се изготват и решенија за работниците кои си заминуваат, а тогаш се исплаќа и отпремнината.
– Бидејќи е најавено дека нема пари за исплата на отпремнината, луѓето нема да ги потпишат решенијата. Понатаму како ќе се одвива постапката никој не знае, вели Богданоски.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni