CSS Template

Георги Гоце Дуртаноски – почесен доктор на Летонската христијанска академија

Нашинците во светот

483

Сенатот на Летонската христијанска академија и Советот за високо образование на Летонија со свечена церемонија во рамките од прославата на 100-годишниот јубилеј од првата независност на Летонија, му додели почесна докторска титула (Doctor Honoris Causa) на проф. Георги Гоце Дуртаноски за неговиот придонес во високото образование и афирмација на христијанските вредности во Летонија и на европскиот континент воопшто. Почесната докторска титула Дуртаноски ја посвети на „малите нации„ и нивниот стремеж за сувереност и самоопределување како и на сите оние кои во изминатите години ја поддржуваа неговата работа и веруваа во убавината на ракописната уметност.

Георги Гоце Дуртаноски е основач и директор на Скрипториумот при Летонската христијанска академија, каде воедно предава неколку предмети поврзани со развојот на писмата во христијанската ера со фокус на глаголицата и црковно-словенската кирилица како и декоративното писмо/краснопис. Летонската христијанска академија е единствена институција во Европската унија која ги негува (православните) христијански уметности и вредности.
Во афирмација на македонското писмо и христијанската палеографија Георги Дуртаноски досега ги има реализирано следните изложби:
Inscriptiones Macedoniae (2012 година во Емајскиот манастир во Прага, Чешка);
Manuscripta Glagolitica (2013 во црквата Св.Кирил во Велехрад, Чешка);
Epistulae Christianae (2015 во Општинската зграда/Rigas Dome во Рига, Летонија);
Scripta Sancta (2017-2018 во регионалниот музеј во Талси, Летонија)

Почесната титула беше доделена во „салата со столбови“ на 4 октомври, во Историскиот музеј на градот Рига, објект ремек-дело на класицизмот и најстар музеј во Европа – комплекс кој го сочинуваат неколку згради напластени со архитектонски влијанија од 12. до 18. век. Академската заедница во Летонија го користи овој објект како престижна бина за церемонијални свечености од областа на науката.
Почесна реч за Дуртаноски имаше поранешната министерка за образование на Летонија академик Баиба Ривжа, која го нагласи исклучителниот педагошки метод за пренесување на знаењето кое го практикува Дуртаноски и му подари лимитирано издание посветено на 100-годишнината од летонската независност, во кое авторство е инволвирана и самата.
Летонската православна црква беше претставувана од митрополитот Јован од Ришката епархија, лично испратен од архиепископот г.Александар кој поради болест неможеше да присуствува на свеченоста. Митрополитот Јован го прочита говорот на Неговото Вископреосвештенсто протоколарно планиран како негово излагање за настанот.
Летонската православна црква уште на самиот почеток даде благослов и силна мотивациска поддршка на катедрата за христијанска палеографија и краснопис кои беа иницирани и предводени од Гоце Дуртаноски во минатите 5 години.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni