CSS Template

Витаминка во Париз на саемот СИАЛ

Витаминка успешно претставена на саемот СИАЛ во Париз преставанена

345

АД Витаминка деновиве е дел од најголемиот светски саем за храна, СИАЛ Париз 2018, каде изложуваат над 7000 компании од повеќе држави ширум светот. Производите од Витаминка,на Саемот во Париз, се предмет на интерес на големи странски компании, со оглед на досегашната репутација на компанијата и нејзиниот голем пласман во делот на широкот спектар солени и слатки производи.

 

Компанијата на саемот направи и  суштински разговори за влегување во нови договори.

Повеќегодишното присуство на Меѓународниот саем СИАЛ во Париз дава резултати. Сепак станува збор за најголемиот настан за храна. Секоја години бројот на изложувачи ја надминува бројката од 7000 од над стотина држави. Тука не само што има голем потенцијал, туку тој потенцијал го искористивме за почетни преговори за соработка со големи добавувачи. Во исто време, на овој начин ги следиме светските трендови во производство на храна и тука сме за размена на искуства, запознавање на нови пазари и нови начини на комуникација“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

Инаку, Витаминка е водечка регионална компанија во делот на кондиторијата и присуството на ваков тип саеми е од исклучително значење за воспоставување директен контакт со дистрибутери, ланци на маркети, но исто така и со самите потрошувачи.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm