CSS Template

Рекордни 70 точки на дневниот ред на 20 тата седница од Советот на Општина Прилеп

377

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржува 20-та седница.На дневен ред беа првично најавени 64 точки, но непосредно пред почетокот на седницата има дополнување од 6 нови кои се однесуваат на предлог одлука за изменување и распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2018 год; предлог одлука за доделување на средства на Ракометниот клуб Прилеп, како и предлог решение за формирање на Совет за јавно здравје. Од првично најавените точки на 20 тата седница пред советниците се и Предлог-Одлука за основање на Јавно Претпријатие за енергетски дејности, како и Предлог-Одлука за давање согласност за утврдување на цени за прочистување на отпадни води на ЈКП ,,Водовод и канализација ’’-Прилеп, за регулиран период 2018-2020 година. Всушност оваа точка се однесува на новата услуга на ЈКП ,,Водовод и канализација Прилеп која е поврзана со работата на Пречистителната станица. Во рамките на дневниот ред е и финасиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација ’’-Прилеп за трето тромесечие .Советниците ќе го разгледаат и финсиското работење на ЈП за ПУП Прилеп за тримесечниот последен период, како и на ЈКП ,,Комуналец ’’-Прилеп. Ќе се разгледува и Програмата за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини и Програма за подигање и одржување на зеленило на територијата на Општина Прилеп за 2019 година, на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп,за одржување на јавната чистота за 2019 година, Програмата за управување со отпад на територијата на градските гробишта. Пред советниците е и Финансиски план на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-и тримесечното финансиско работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’- Прилеп. Училиштата, средни и основни, доставија предлози до Советот за добивање на согласност за намалување на бројот на ученици во паралелките. Најголемиот дел од точките од дневниот ред се поврзани со Предлог-Одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација поврзани со процесот на легализација на бесправно изградените објекти.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm