CSS Template

Прилепчани се вакцинираат против сезонскиот грип. Ставени првите бесплатни вакцини

264
Avtokontrol1

Денеска започна вакцинацијата против сезонскиот грип,  во сите Центри за јавно здравје во земјава. Новина оваа година е што за лицата над 65 години, со пензија помала од 14.480 денари и помала од просечната,  ќе можат бесплатно да се вакцинираат против грип. Со чек од својата пензија треба да појдат кај матичниот лекар, кој пак, преку „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација во  Центрот за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

„ Прилепчани пројавуваат секогаш голем интерес за вакцинација против сезонскиот грип.На првиот ден од вакцинацијата, веќе ги стави и првите бепслатни вакцини,преку „мој термин“  – истакна епидемиолог од ЦЈЗ – Прилеп, Татјана Мургоска Станимировиќ .

Годинава, Центрите за јавно здравје –Прилеп набави 2.800 дози вакцини против сезонски грип,1000 повеќе од минатата година,во очекување дека поради бесплатните вакцини, интересот ќе биде зголемен

“Годинава Министерството за здравство набави  четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската здравствена организација и Европската медицинска агенција. Вакцинацијата не е задолжителна, но се препорачуваме за лица над 65 години,  хронични болести, но и здравствени работници и други лица кои се подложени на здравствен ризик“- вели епидемиологот Станимировиќ,од ЦЈЗ-Прилеп

Цената на една вакцина чини 650 денари

semm
Vivafarm
Farma Dolneni