CSS Template

Повисоки сметки за вода во градовите со пречистителни станици.Прилеп е еден од нив!

340
Avtokontrol1

Денеска, Советот на Оптшина Прилеп ја продолжи 20-та седница и ги постави на дневен ред точките поврзани со ЈКП Водовод и Канализација, кои на минатата седница беа одложени. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за прочистување на отпадни води на ЈКП ,,Водовод и канализација ’’-Прилеп, за регулиран период 2018-2020 година беше една од клучните точки, покрај одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата на ЈКП ,,Водовод и канализација ’’-Прилеп и  тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација ’’-Прилеп, за период од 01.07.2018 година до 30.09.2018 година.

Советниците расправаа, полемизираа, користеа терминологија на едноставното прашање „ќе добиваат ли граѓаните наредниот месец  повисоки сметки за вода?

Едноставниот одговор е „да“, бидејќи во сите градовите во Макеоднија, коде имаа пречистителни станици, граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за вода утврено спорд Законот за води и регулаторната комисија за енергетика

Во новата сметка што ќе ја плаќаат граѓаните, покрај постојните две компоненти (трошок за водоснабдување и трошок за одведување на отпадната вода – канализација), ќе има уште една ставка, односно трошок за пречистување на отпадната вода. Вакви сметки со три, наместо со две ставки, ќе добиваат жителите на градовите во Македонија кои имаат пречистителни станици, по барање на регулаторната комисија за енергетија и според Закон за водите, иако  Министерството за животна средина и просторно планирање, планира него да го промени, со цел постигнување еднаквост помеѓу општините што имаат, и, оние што немаат пречистителни станици.

Прилепските советниците денеска „мораа“ да ја прифатат тарифа за трошокот за пречистување на градскита отпадни води заради започнувањето на работа на Пречистителната станица за третман на урбани отпадни води, бидејќи  во вторник( 20-ти ноември) исеткува законскиот рок утврден од Регулаторна комисија за енергетика за доставување на цена од  Општината за оваа услуга.

Цената на сметката за водата во Прилеп, по предлог на ЈКП „Водовод и канализација“, сега, ќе биде повисока за 17,35 денари по метар кубен вода. Според директорот Емил  Јанески,  цената на водата останувала иста, цената на канализацијата останувала иста, само се воведувало цена за нова услуга, а тоа е пречистување на урбани отпадни вода. Советниците од опозицијата денеска на седница, ја критикуаа власта за предизборните ветувња (20% намалување на цената на водата), но и побара  од Општината или Владата да субвенционират во овој дел и да им  помогнат на граѓаните.

Инаку, од почетокот оваа година, сите јавни комунални претпријатија требаа да почнат да применуваат тарифи за вода, односно да формираат цени кои ќе бидат одобрени од Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. Регулаторната комисија за енергетика, како нов авторитет во утврдувањето на цените за водните услуги, е обврзана да ги провери и одобри сите трошоци што јавните комунални претпријатија ги предложиле за да влезат во цената на водната услуга.

За услугата  пречистување на урбани отпадни води решението на Регулаторна комисија за 2018 година е просечната цена да биде 19,85 денари, за 2019 година 20,65 денари ,а за 2020 година 21,44 денари. Максималната цена за 2018 година треба да биде 25,41 денари, за 2019 година 26,66 денари, за 2020 година 27,56 денари.

Предлогот на ЈКП „Водовод и канализација“ е за сите 3 години цената да биде 17,35 денари. Во Македонија моментно има 14-ети пречистителни станици за третман на урбани отпадни води меѓу кои и прилепската , која наскоро  ќе биде пуштена во употреба. Завршена е со градба, изработен е техникчки сертификатот и во тек се процедури за превземање на сопственоста од страна на Општината, со одлука на Совет, нејзино предавање да биде на на ЈКП „Водовод и канализација“

Според екологистите, со воведување на тарифа за третман на урбани отпадни води, ќе се стимулираат индивидуалните домаќинства и бизнис секторот да прават сопствени пречистителни станици, со што ќе остваруваат заштеди и ќе ја реупотребува водата за техничка потреба.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm