CSS Template

Новите казнени политики на ресорното министерство – причина за револт на прилепските матични лекари

347
Avtokontrol1

Незадоволни од актуелните казнени политики на Министерството за здравство, 53 матични лекари од Прилеп, денеска, со мирен протест го изразија својот револт, барајќи тие политики да бидат укинати, потоа пациентите да се водат на приватните здравствени установи (ПЗУ), како и да им се покачи капитациониот бод. Според нив, токму овие несоодветни политики биле основните причини за затворањето на голем број амбуланти и за масовното исселување на здравствените работници во странство.
– Согласно разговорите со светската здравствена организација и светската банка како и ЕУ директивите кон кои се стреми ова наше општество , очекуваме да се исполнат нашите барања. Примарната здравствена заштита е основен фундамент не само на нашата држава туку и на целокупното здравство во ЕУ и важен бенефит за здравствената каса, изјави д-р Билјана Зајкоска – Трајкоска
Прилепските матични лекари очекуваат дека Владата, односно ресорното Министерство ќе покаже слух за нивните барања, и низ дијалог ќе се најдело обострано, прифатливо решение, кое најмногу би било во интерес на пациентите.
– Често во јавноста се меша плата на лекар со капитација. Капитацијата значи буџет со кој располага здравствената установа. Во текот на еден месец ако се случи казна , тогаш како би работела здравствената установа прашува д-р Билјана Зајкоска – Трајкоска
Во моментов, еден прилепски матичен лекар, во просек имал околу 1.200 пациенти, но со актуелните здравствени политики, понатамошното рентабилно работење на амбулантите се доведувало под сериозен знак прашалник. Инаку, во последниве години и Прилеп, како и поголемиот број градови во земјава, кубури со лекари. Недостигот од лекари особено се чувствува во прилепската Болница, каде лекарите – специјалисти се дефицитарни со години.
ИЗВОР: АЛФА ТВ

semm
Farma Dolneni
Vivafarm