CSS Template

Во тек пријавувањето за Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп

287
Avtokontrol1

Светиниколскиот традиционален турнир во мал фудбал, годинава по осми пат се одржува во Прилеп. До 4 декември трае пријавувањето, а овој своевиден спортски спектакл кој предизвикува голем интерес ,повторно ќе биде со хуманитарен карактер. Средствата ќе бидат наменети за Децата со ретки болести. За успешно спроведување на манифестацијата Општина Прилеп склучи меморандум за соработка со Локалниот спортски сојуз.
– Ги уредивме нашите заеднички интереси во организацијата на овој Светиниколски турнир со Локалниот спортски сојуз. Како покровител како и секоја година се јавува компанијата Комфи Ангел и во оваа прилика се заблагодарувам за нивното залагање и за тоа што како компанија ја покажува својата општествена одговорност. Општина Прилеп ги прави почетните подготовки за реализација на празникот Свети Никола – патронот на нашиот град за до 19 ти декември да бидеме комплетно подготвени за да го прославиме и чествуваме и оваа година овој наш патрон, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски на средбата со новинарите.
Комфи Ангел продолжува со несебичната поддршка на турнирот, со цел Светиниколскиот турнир да го задржи елитното место на вакви спортски настани во Македонија.
– Ние сме среќни во Комфи Ангел што можеме да помогнеме во континуираното одржување на овој турнир. Комфи Ангел и покрај тоа што учествува во одржувањето на турнирот и е еден од неговите иницијатори. Но да не го заборавиме главниот актер кој што го иницираше турнирот и кој што не е повеќе меѓу нас, тоа е мојот татко Велимир Јакимоски и многу ми е драго што е инициран од негова страна и што од една заедничка игра – турнирот прерасна во еден од елитните во земјата, рече Ирена Јакимоска, косопственик на Комфи Ангел.
Рубинчо Илиоски од Локалниот спортски сојуз нагласи дека обезбедени се вредни награди за најдобрите, но и за најмладите.
– Наградниот фонд останува исто како лани со вкупно 330 000 денари и тоа за прво место 160 илјади денари, за второ место 90 илјади, за трето место 60 илјади денари. За ветераните наградата останува 20 илјади денари. Во пионерските категории ќе бидат наградени најмладите со блузони, дуксери и топки. Пријавувањето кое завршува на 4 ти декември изнесува 5 илјади денари за сениори, 3 илјади за ветерани, и 1 500 за пионерите.
Од Локалниот спортски сојуз ги повикаа сите компании да се вклучат со свој придонес зашто средствата за учество ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп кој се реализира во чест на патронот на градот ќе се одржува од 7 ми до 25 декември во Универзалната сала.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni