CSS Template

Земјоделците од прилепско добиваат дел од помошта за штетата од јулското невреме

363

Земјоделците од прилепско чии што посеви и насади претрпеа штети од јулското невреме, од денеска на своите сметки ќе добијат дел од помошта од Општина Прилеп. Од Буџетот на Општината се оддвоија околу 100.000 евра за исплата на 3% од вкупната штета на секое барање доставено до Комисијата за проценка на штета. Овие средства започнуваат да се исплаќаат од денеска, а до средината на идната недела ќе бидат доисплатени вкупно 1.359 барања.
– Динамиката е таква бидејќи се прилично голем број на барања. Исплатата ќе се врши согласно проценката која што ја направи комисијата за посебна проценка на штети и единствената методологија за проценка на штети и исплата од ваков вид на елементарни и други непогоди. Во овој случај Општина Прилеп го исплаќа максимумот од 3% од проценетата вредност на штетите кои се направени“, рече Жарко Северкоски, претседател на Комисијата за проценка на штети при Општина Прилеп.
Земјоделците велат дека овој процент за надокнадување на штетата е недоволен и очекуваат помош и од државниот буџет, но пред се најважно е да се изнајде соодветен модел за осигурување во земјоделството.
– Земјоделството треба да се осигурува. Ние кога започнавме да го осигураме родот осигурителните компании прекинаа со осигурување, а незнам поради кои причини. Треба да се изнајде модел за осигурување според кој што ќе можеме уште при склучувањето на договорите да потпишеме осигурителна полиса, вели Роберт Костоски, земјоделец и претседател на Месната заедница с. Мало Коњари, кој додава дека со овој процент не можат да се покријат ниту производствените трошоци.
Општина Прилеп за прв пат оддвојува средства за помош на земјоделците при елементарни непогоди, а дополнително, државата може да помогне до 15% од вкупната проценета штета, за што Владата ќе одлучува на почетокот од наредната година. Само од невремето што се случи 23 јули годинава, беше во целост уништен тутунот, житните култури и овоштарници на повеќе места на прилепско во атарите на селата Мало и Големо Коњари, Кадино село, населбата Варош, месноста Орде Чопела на површина од 10 милиони метри квадратни.
Според извештајот на Комисијата за проценка штетата е проценета на 186 милиони и 609 илијади 144 денари, а поднесени беа 1315 барања за обештетување, но и дополнителни стотина барања од невремето кое на истите површини претходно на 9 ти јули зафати околу 100 хектари.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni