CSS Template

По сиромаштија, Македонија на дното на Европа

320
Avtokontrol1

Во моментов процентот на сиромаштија во Македонија е 22,1 % и бележи благ пораст од минатата година. „Линијата на сиромаштија е 7000 ден.месечен приход за поединец .Сите оние кои имаат помалку од 7000 ден. месечен приход се наоѓаат под линијата на сиромаштијата.  А, сите оние над таа линија,не живеат квалитетно ,но не се во категоријата сиромашни„ посочуваа од  Македонската платформа против сиромаштија, која денска одржа работлница заедно со преставници од  канцеларијата на Фондот за население при ОН во Р.Македонија  во соработка со ДЗС  и  Здружение Достоинствен Работник-Прилеп на тема „Македонија и Глобалните цели за одржлив развој – како до одржлива иднина“ 

Билјана Дуковска,Претседател на Македонската платформа против сиромаштија вели дека целта на ваквите работлници е да се разговара со граѓанските асоцијации, “колку се тие  вклучени во планирањето на полтиките кој се однесуваат на оддржливот развој„ и „колку пописот на населението како статистичка операција  ќе обезбеди доволно податоци за да можат да се креираа квалитетни политики за населениет?!„.

„Сиромаштијата во Македонија е очајна.Се наоѓаме во состојба каде не ни требаат само цели, туку сите да се ангажираме за да може да излезиме од таму. Се надевеме дека Владата ќе го постави таргетот високо, посточкиот процент на сиромаштија да го намали, на она што значи процент на  сиромаштија на светско ниво. Ние подолго време посочуваме дека во Македонија недоситга две клучни работи : да се гарантира финансиската сигруност на граѓаните, значи не социјална помош од 30 евра, туку вистинска квалитетна поддршка и второ, да се овозможи сет на услуги , не во  пари, туку  да  им се помогна на сиромашните граѓаните во намалување на секојдневните предизвици. Пр. Во образованието, децата кои живеат во вонредни ,лоши услови , не можат да покажуваат добри резултати во училиште.Затоа е потребна помош од друг вид.Така е и за здравственитепотреб,за хигиенските и сл итн. Споредбено по сиромаштија Македонија,  и дел од  Балканските земји, се наоѓа на дното на Европа„ – истакна Дуковска

На оваа тема во ОН договорени се глобални цели за одржлив развој, каде сите земји членки се договориле до 2030 г. што ќе направат и што ќе променат за подобар живот на сите граѓани и развој на опшествата колективно.  Во Македонија Фондот за население при  ОН, ДЗС и дргуи институции соработуваа за подигнување на свесноста за неколку клучни прашања, меѓу кои и сиромаштијата.

„Она што го работиме е да се подобрат базите на податоци со кои можат подобро да се разберат причините,зошто некој луѓе живеат така. Сеуште се соочувам со слаби здравствени услуги ,кај жените,родилките  и бараме да се подобрат условите на сите полиња “- истакна Соња Дамевска помошник, претставник од канцеларијата  на Фондот за население при ОН.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm