CSS Template

(Видео-Фото) “Prilep Special Show„ – фризерско шоу за кое уште долго ќе се прераскажува!

945

И,  кога завесата во ЦК „Марко Цепнков“, се подигна, започна магијата. Шоуто  стануваше лудо од час, во час, и добиваше по спектакуларна и егзотична димензија. “Prilep Special Show“ ја освои публиката со многу забава, музика, танцување, изработување на фризури  и шминка на сцена, модни ревии … се во стилот на Movies Night. Најзастапена тема беше „Мулен руж“, а домаќините, Здружението на ФБК – Прилеп, токму од ова француско кабаре,  од истоимениот филм, направија неверојатен, перформанс, за које уште  долго ќе се говори.

На сцената се менуваа групи на фризери, бербери, козметичари, од Кавадарци, Битола, Охрид, Струга, Скопје…. презентации на изготвување фризури за девојки и момчиња  од познатите светски мајстори,  Митија Тавчар – Словенија, Димитрис Папас- Грција, а публиката само фотографираше, аплаудираше и се воодушевуваше од шоуто, кое сите повторно ги остави без здив ,бидејќи никој и не претпоставуваше дека ќе биде толку посетено и интересно!

 Очекуваните 600 до 700 луѓе публика, 100-на гости, со своите модели, од земјава и странство, кои  излегоа на сцена и  ги покажаа своите мајстории во фризура и шминка,  само посебе говори дека шоуто беше изненадувачки добро. Мислам дека публиката уживаше,а уживаа и гостите кои позади сцената не го криеа своето задоволство за шоуто. Утре ,понеделник ,следи едукативниот дел и поканети се сите кои сакаат да научат од врвни мајстори за фризура, ноќна и денска, за невестински фризури и шминка, како и за начини на стрижење и уредување  на брада и машки фризури, од врвните мајстори, наши гости. Шоуто мина беспрекорно добро – ги пренесе своите импресии  Александар Петрески, еден од организаторите на “Prilep Special Show

 

Сите поканети не удостоија со своето присуство . Утре  е едукативен дел. Сум презадоволен од сите и им благодарам на сите ученици и на публиката која до крај да го следи шоуто. Сме презадоволни и од нашите гости познатите балкански и светски имиња во оваа сфера, Димитрис Папас- Грција, кој е позат бербер, и видовте работи американски стил на техники на бричење и стрижење, Бобо Шаула – Србија, кој работи исклучително невестински фризури и ноќни трендовски фризури, Митија Тавчар – Словенија, презентер за начини на правење фризури и фарбње бо повеќен нијанси,  Снешка Вуконовиќ од Србија, која е повеќекратен државен првак на Р. Србија и своевремено балкански првак за изработка на свечени и шоу фризури. Тоа се еминентни имиња во светот на фризурата и уредувањето на косата, за кои сме среќни што не удостоија и дојдоа на “Prilep Special Show , и сите се задоволни-  истакна по шоуто Претседтелот на Здружението на ФБК-Приле, Зоран Бошкоски.

 Оваа година Prilep Special Show ,трае два дена (2-ри и 3-ти декември) и има, и едукативен и продажен дел, кој ќе се одржи, утре, понеделник во ЦК „Марко Цепенков“.

ФОТО И ВИДЕО

semm
Farma Dolneni
Vivafarm