CSS Template

Новите Marlboro Core 7.0 од Тутунски комбинат Прилеп достапни на пазарот

394

Marlboro Core 7.0 кои се произведуваат во Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), отсега достапни на македонскиот пазар. По модернизацијата на фабриката, со што се исполнија високите критериуми за производство на цигарите на гигантот во тутунската индустрија Philip Morris International, можат да се најдат во продажба и на нашиот пазар.

Според Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП во изминативе неколку години се работеше напорно за да се трансформира ТКП во модерна и ефикасна фабрика, која со тоа се квалификува да произведе еден од највредните брендови во светот.

„Марлборо е една од најпознатите трговски марки меѓу сите производи за широка потрошувачка и е светски број еден меѓународен бренд за цигари од 1972 година. Имаме најпродавана меѓународна цигара речиси половина век, благодарение на посветеноста на Philip Morris International за одржување највисок квалитет на своите производи. Заедно со технологијата и материјалите за производство, Philip Morris International во ТКП го пренесе и знаењето со цел да се задржат две најважни работи за нашите клиенти – ист квалитет и ист вкус на оваа цигара”, изјави Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП.

„Изминатиот период се посветивме целосно на процесот на модернизација. Успеавме да направиме ефикасна фабрика, да го рационализираме производството и да направиме чекор напред со развојот. ТКП стана фабрика според стандардите на Philip Morris International и по поминатите контроли дојдовме до стадиум на производство на Marlboro Core 7.0. Тоа е голем успех за нас како компанија, а уште поголем успех е дека истите се достапни на македонскиот пазар, а тоа е заеднички успех со нашиот стратешки партнер Philip Morris International”, изјави генералниот директор на ТКП, Кирил Станкоски.

Изминатите години, Прилепскиот комбинат успеа да ја подобри својата инфраструктура, инсталирани се нови машини за производство, започна производство на нови квалитетни брендови барани на пазарот, а се осигура стабилниот откуп и навремена исплата на сите договорени количини тутун. За првпат од кога е изградена фабриката, во ТКП се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни со што се создадоа сите услови за исполнување на високите стандарди на ПМИ. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок, прогресивен формат или т.н. 7.0 формат, што овозможи да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзо растечки формати на македонскиот пазар во моментов.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm