CSS Template

По деветти пат хуманитарна акција, иницирана од храмот „Св.Благовештение“

587

На 19 – ти декември, на празникот „Св Никола„ патронот, заштитник, на градот и празник на речиси сите  Прилепчани,  кои го слават со посебен пиетет, ќе се одржи традиционалната хуманитарна акција на иницијатива на  Црквата „Св. Благовештение„ , која се организраат секоја година, по повод Божикните празици.

Акцијата се состои во продавање на црковни свеќи пред Параклисот „Св.Никола„ во центарот на Прилеп и донирање на паричнен или друг матерјален прилог, според можностите на секој добронамерник , во посебно означени кутија,поставени во сите прилепски храмови како и пред Параклисот „Св. Никола“. Средствата ќе бидат искористени за добротворни цели, за помош на бедни и сиромашни семејства од Прилеп.

Хуманитарната  акцијата се спроведува во сите храмови во Прилеп и  оваа година се организира по деветти пат. Целта е да се поттикнат граѓаните на хуманост, како што тоа го правел заштитникот на градот Прилеп, Св. Никола, кој им помагал несебично, на сиромашните, на болните,  ги штител неправедно осудените, а грешните ги упатувал на вистинскиот пат.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm