CSS Template

Во чест на Сале музички помен со блуз музика

626
Avtokontrol1

Во чест на прерано починатиот фронтмен, на прилепската група CROSSROAD BLUES BAND, Александар Дворчанец – Сале  (вокалист и свирач на усна хармоника ), в  четврток, на  20 –ти декември, неговиот бенд „Кросроуд Блуз Бенд“ ќе одржи  т.н  музички ПОМЕН во  Арт кафе – Апореа , за 40 дена од заминувањето на Сале. Концертот започнува од 21,00ч и ќе трае до 23,30 ч,a  гости – музичари, од Прилеп и од другите градови на Македоија ќе свират заедно со CROSSROAD BLUES BAND  во чест на Сале, кој прерано и не очекувано ја напушти музчката сцената, „за“ –  како што велат неговите пријатели, музичари – „ да свири на друго место, и да не чека, кога ќе дојде времето, да се собереме и пак да свириме заедно!“

Во чест на Сале, в четврток, ќе свири и  рок групата од Охрид „Beckdoor band“.

    „Ние сме музичари! Својата радост и тага најдобро можеме да ја искажеме преку музиката која не обидинуваше повеќе од 25 години!„ – изјави за Радио Пела, гитаристот од групата CROSSROAD BLUES BAND, Бранко Нешкоски – Бане

Имено, 20 –ти декмври е денот кога пред 40 дена, блузменот, познат кај Прилепчани, како Сале „Блузмен„ почина и остави уште многу неиспани музички блуз стихови. Уживателите на добрата блуз музика и на свирките во живо, несомнено, вечно ќе го паметат како човек, со нескротлив дух, кој со неговиот бенд Crossroad Blues Band, создаде незаборавна журки и прекрасна хармонија со публиката. Дваесетгодишната блуз идеологија , Александар Дворачанец –  Сале ја преточи во три студиски албуми: Tutun Blues, Still living the blues,  Градско дете, чии заеднички иментил им е македонскиот јазик или блузот на македонски јазик, што ќе останат регистрирани во аналите на македонската блуз музика

„Музиката за Сале беше живот, а БЛУЗОТ го живееше! Го испративме со музика и низ музиката што ја создаваше ќе продолжи да живее засекогаш! Keep the Blues and SALE alive“- напишаа на нивната facebook страна члeновите на CROSSROAD BLUES BAND, по повод 40 дена од прерано починатот член на нивната група.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni