CSS Template

Одбележан празникот Свети Никола во населбата Жабино маало во Прилеп

682

Од денеска започнува одбележувањето на патрониот празник на Прилеп Свети Никола. Во очи на празникот, традиционално во населбата Жабино маало кај параклисот на Свети Никола присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски.
– Свети Никола е симбол на еднаквоста, и ние тоа го почитуваме и го одобруваме. Свети Никола е заштитник на морепловците, на сиромасите. Ние треба да бидеме заштитници на сето она што тој го прави, и во духот на хуманоста и еднаквоста, нека е честит Свети Никола. Оваа година по повод патрониот празник имаше и акција „Подај рака, биди човек“, хуманитарна акција што ја реализираше ОО на Црвениот крст на Прилеп и Центарот за социјална работа во соработка со невладината „Епилепсија“, рече градоначалникот Јованоски.
Со желби за добро здравје, мир и љубов, граѓаните од населбата Жабино маало палеа свеќи во параклисот посветени на светецот, заштитник на Прилеп и на нивното маало.
– Посакувам на секој еден здравје, топол дом, бериќет и мир во домот. да го дочекаме Свети Никола, вели Илинка Козароска за прв пат домаќинка на одбележувањето во населбата Жабино маало.
Утре продолжуваат чествувањата на патрон празникот на градот Прилеп со свечена богослужба и литија, а централниот настан по традиција се одржува кај параклисот во центарот на градот кога ќе биде прережан славскиот колач и означен новиот домаќин за следната година.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm