CSS Template

Една година од “Добро утро„ со Радио Пела! – На денeшен ден започнавме со емитување на програма

456

На денешен ден РАДИО ПЕЛА 96,8 МНz .официјално ја започна програма и во етер го кажа своето прво “добро утро“, на слушатели, и оттогаш почна заедничкиот флуди меѓу радиото и неговите следбеници.

„Пелагонија на дланка – радио за целото семејство“ е идејата на тимот кој е двигател на овој медиум! Целта е обработка на теми кои се од витално значење за жителите од Пелагонискиот регион, за стопанствениците, спортисите,  културните работници, земјоделци… како и објективно и навремено информирање на оние кои не следат! Радиото започна со одбрана музика, а многу пријатели во него видоа соработка  и го подржаа : Компанијата  „Комфи Ангел„, ,Аптеките „Вива фарм„, Станицата за технички преглед Автоконтрол,  Бензиски пумпи БМ Оил,  ТА Бран, Печатницата Ацетони…

               Радио Емисии кои се нижеа  

„Пелагонска хрноника“ (16,30ч) – Информативна емисија (вести)-

Во рамките на објективнот и навремено информирање, радиото ја создае и првата емисија за пренесување настани од економијата, образованието спортот, политиката, вести, од Пелгонсикиот регион , информативната емисија  „Пелагонска хрноника„ која е на програмата во 16. 30 ч. со репризни изданија во вечерните часови,

„Совети за здравје и убавина“- едукативна емисија (среда 11,оо.ч)

Емисија за еукативни совети за здравје и убавина

Информативно контактна емисија -„Жешко столче“ (петок 11,оо ч)

Контактна емисија, акАктуелни теми поврзани со политиката 

културата, спортот, економијата, опшественото живеење  … Во рамките на „Жешко столче“ ,која има наши гости биле: поранешниот директор на „Прилепска Пиварница“ и Претседател на УО на „Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски, актулниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, директорот на  ЈКП „В и К “, Емил Јанески, директорот на ЈКП „Комуналец – Звонко Јованоски, директорот на „Тут-ком “-Прилеп , Кире Станкоски,, разговаравме за „под кои услови неможат да работат стоматолозите?“,како да се спречи семејното насилство,со женатакоја го победи ракот поповод месецот за борба против ракот….Од неодмана емисиите одат во жив, преку стриминг од студио,со што стануваат не само слушани,туку  и гледани!

„Музички филигран“-музичка емисја (20.оо ч четврток)

Контактна музичка емисија, која ги презентира музичките групи и музичките таленти кои презентираат 

најразлични типови музика, од изворни македонски до рокен рол. За неполна година, реализирани се преку 50-тина музички емисии. Наши гости биле: Прилепскиот бисер за уникатно задоволство Балканика бенд ,Ташко Каранфилоски од Ресен, Групата “Црешеово топче “ од Кришево, Фактор Бенд од Битола, прилепските боеми, Славчо Бунте и Блаже  Даскало, Елена Јовческа, Марјан Стојаноски, младите музички таленти, Филип Николоси, Антонио и Дамјан Трајкоски од ООМУ „Орде Михалоски – Оцка“ кои ни свиреа на кавал и тапани и ни го доловија изворниот музички македонски мелос, Андереј и Филип од Средното музичко училиште – Битола со гитари и забавен мелос, Ансамблот на изворни народни песни и ора со Кире Ризоски,победникот на годинашниот фестивал на изворни македонски песни и ора „Пеце Атанасоски“ ,Групата Маестрал,  од Демир Хисар групата „Македонија“…

Емисијата се емитува во живо преку стриминг од студио на facebook RADIO PELA 96,6 FM ,со што стануваат не само слушаaи, туку  и гледанa! Водител и домаќин на емисијата е Тони Бозароски.

„Од млади за млади“ –младинска  емисија (сабота 11,оо ч)

Тоа е емисија за млади и сите кои се чуствуваа млади.Информации поврзани со музиката,од шоу бизнисот,од техниката и технологијата,како ипрепораки за следењена добри филмови,прочитана книга и мудри мисли, и информации поврзани со образованието и настани во образовните институции..

Водетели Христијан, Михаела и Валеса . Емисијата се емитува во живо, преку стриминг од студио на facebook RADIO PELA 96,6 FM

“Јавен простор – ноќе“ – ноќна прогрма (вторник,22,оо до …по полноќ“)

Контактна ,едукативна и урбана емисија која го најде светлото на денот пред еден месец, со цел радиото, ,музиката, лежарниот говор, да му го вратиме на слушателите, и ноќе радиото да биде дел од секој дом,со прекрасна музик и одбраи гости,сатира,инфорамции од културното и опшественото живеење,психолози …!

 Рубрики:

Радиото има голем број на рубрики кои ја “красат“,неговта програма: „Песна која Ви ја препорачуваме„, Музички билборд“, „Времеплов“,„Од верскиот календар„ “Инфо Пресек“,“ Културен информатор’… кои предонесуваат за  збогатување на целокупната програма

Радио Пела е информативно – музичко радио,со седиште во Кривогаштани.  Преставува прво регистирано рурално радио.(радио кои работи во рурална средина).Радиото во првиота половина од 2018 г., според рејтингот на Агенцијата за  Аудио и аудио визуелни медиуми, беше втора најслушана локлна радио станица во Македонија. На анкетнот прашањето: „Можете ли да ми кажете кои радио станици ги слушавте вчера подолго од 1 минута?“ а се однесува на просечниот дневен досег на локалните радио станици поврзано со претходниот ден од спроведената анкета, процентот изнесувше  14, 29 што ,што преставуваше  втора највисока вредност , споредбено со сите локални радио станици во Македонија, а на анкетното прашање кое гласеше: „Ве молам присетете се на сите радио станици кои ги слушавте изминатата недела подолго од 1 седмица?“ дадените одговори на испитаниците покажуваат уште поголеми вредности од претходното прашање,  и според официјалните податоци процентот изнесуваше 28, 75 , што повторно беше втора вредност, на ниво на сите локални радио станици во Република Македонија.

Радиото денска се гради во локално радио  со глобални цели. Стои на располагање за користење на сите услуги, од рекалмирање, до промовирање , медиумско презентирање и соработка преку сите четири медиуми: Радио, Facebook фан страна Radio Pela 96,8 FM , YouTube каналот  и  веб порталот: www.radiopela.mk

Се надеваме дека дека ќе имаме уште многу  слушатели и радио пријатели!

semm
Vivafarm
Farma Dolneni