CSS Template

Во Прилеп денеска опозицијата критикуваше, власта се фалеше!

287

Претседателот на партијата ВМРО ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на протесниот марш во Прилеп кој започна од театарот кон прилепската чаршија ,до Општинската зграда, говорејќи пред собирот го критукуваше владеењето на владеачката партија на сите полиња. Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните претседателски избори, а потоа и на, како што рече, „предвремени парламентарни избори„.

На денешниот собир Мицкоски побара повлекување на одлуката за зголемување на даноците, а зборувајќи за тендерите и провизиите ,рече:

„Ама не само што тие пари не завршија кај граѓаните, туку од ден на ден, се повеќе завршуваат во нивните џебови, така што ги зголемуваат даноците и го полнат буџетот. Го укинаа советот за јавни набавки за да може да им врват тендерите во четири очи, да можат полесно да ги договараат провизиите кои што секој граѓанин знае дека се движат од 5 до 15 проценти, а местото на исплата и тоа се знае, еден ресторан и хотел во источна Македонија и не ги интересира дали даноците се зголемени затоа што кај нив игра само „ќешот“ и ништо повеќе „лопови“ и ништо повеќе не се од тоа тие луѓе, потенцира Мицкоски.

Мицкоски побара формирање на комисија за расчистување на аферата со прислушувањето на обвинителите и судиите, продолжување на проектот за гасификација и почитување на резултатот од рефереднумот.. Побара оставка од министрите Оливер Спасовски и Никола Димитров,

„Ветуваа, многу ветуваа се сеќавам и овде во Прилеп дека најмалку 5 проценти ќе растела економијата на годишно ниво, помина речиси половина мандат, ни половина од тие 5 проценти не успеаја да испорачаат раст на бруто домашниот производ, „а кој е тој БДП?“, тоа се оние пари кои што ветуваа дека ќе завршат кај граѓаните, рече  денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од протесниот марш во Прилеп .

           И, Александар Кирацовски, генералниот секретр на СДСМ, во Прилеп

Во Прилеп денска (случајно или намерно, се најде) пристигна и генералниот секретр на СДСМ, Александар Кирацовски ,кој во придрижба на прилепските пратаници од СДСМ, градоначалникот на Прилеп и Претседателот на Советот на Оптшина Прилеп ја  посети старата прилепска чаршија и се сретна со прилепскиот еснаф.Тој истакна дека деенска во очите на дуќанџиите ја нема загриженоста која што беше присутна пред повеќе години и го нема стравот од неизвесноста на нивниот бизнис

„Нема повеќе одмазнички упади во бизисот. Наспроти тоа, ние создаваме можности и отвораме перспективи, преку намалување на казните и до 75 отсто.
Домашните и странски компании сега се изедначени и добиваат значителна помош за инвестирање и отворање нови и подобро платени работни места. Државата сега стимулира брз раст на малите и средни претпријатија преку финансиска поддршка со покривање на 30 отсто од директните трошоци, финансиска поддршка од покривање на 10 отсто од исплатена плата која што е за 50 отсто повисока од минимало утврдената. Затоа сега платите растат„- изјави денеска во Прилеп генералниот секретр на СДСМ, Александар Кирацовски

и, додаде дека раководство на ВМРО ДПМНЕ предовдено од Христијан Мицкоски во  Прилеп, организирало уште еден протести за одбрана на криминалот.

 „Безидејното раководство на ДПМНЕ, водено од Мицковски, кој што, впрочем, денес оганизира протестен митинг, тука, во Прилеп за одбрана на криминалот, немаат ама апсолутно ников план. Мицковски нема став, нема визија, нема идеја за Република Македонија. Тој е дел од едно антизападно раководство кое што е не достоинствено да ја води Р. Македонија. Очигледна е разликата помеѓу проактивната и домаќинска политика на СДСМ и деструктивноста на ДПМНЕ-  изјави тој.

               Кирацовски донираше  крв на крводарителска акција!

Локалниот клуб на младите Социјалдемократи од Прилеп по 17-ти пат ја организираше традиционалната крводарителска акција „Дарувај крв – спаси живот“

Оваа година, донирајќи крв, акцијата лично ја поддржа и Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Притоа, Кирацовски, младите и членовите на ОО СДСМ – Прилеп, како и граѓаните коишто даруваа крв, со својот личен пример испратија хумана порака до сите останати граѓани, да бидат хумани, да даруваат крв и да спасат живот.

 

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm