CSS Template

Старица загина во пожар во Прилеп

520

Старица загина во пожар што се случил вчера во куќа во Прилеп. Според информациите на МВР, околу 20 часот, на улица Митко Цветановски, во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар. Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарна екипа, а во куќата М.К. била пронајдена мртва. Од МВР велат дека смртта настапила најверојатно од задушување со чад. Извршен е увид на местото на настанот.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni