CSS Template

Прилепчанец неславен рекордер …

447
Avtokontrol1

Неславниот рекорд на прилепчанец со иницијали Ѓ.М.се однесува на возење под дејство на алкохол. Сеуште не е надминат македонскиот рекорд поставен пред 7 години, во 2011г. кога прилепчанецот во полицискиот дрегер „дувнал“ неверојатни 4,83 промили алкохол. Неофицијално во светски рамки, се верува дека најмногу пијат Русите, но рекордот го држи Полјак. Неговиот се уште ненадминат светски рекорд датира од 2014 година и изнесува 12,3 промили алкохол.
Истражувањата на РСПСБ покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите, кои возеле под дејство на алкохол, патувале на кратко растојание до 20 километри.
Затоа, не покажувајте херојство кога сте попиле некоја чашка, повикајте такси или дозволете друг да ве вози!!!

semm
Vivafarm
Farma Dolneni