CSS Template

Tрадиционалeн концерт во негување на македонската песна

319
Avtokontrol1

И,годинава,во организација на Здружението на жени „ПРЕРОДБА“- Прилеп, во салата на киното, Мис Стон – Прилеп ,се одржа прекрасен концерт на староградски и изворони македонски песни и ора. Главни носители на традиционалната предновогодишена музичка традиција со македонска песна беше музичката група на здружението на жени „Преродба„, кое веќе неколку години активно работи на негување и промовирање на македонската песна и се гостини на повеќе хуманитарни концерти и музички манифестации низ цела Македонија.

Предновогодишниот концерт на Здружението на жени „ПРЕРОДБА“- Прилеп беше збогатено со гости,музичките групи на пензионерски друштва  од Штип, Кичево, Прилеп и со учество на Ансамблот на изворни македнски песни и ора на Кире Ризоски,  добитник на златната гајда на овогодишниот фестивал на народни инструменти и песни  „Пеце Атанасоски“.

Традиционалниот целовечерен предновогодишен концерт на Здружението на жени „Преродба“- Прилеп, беше награден со силни аплаузи од публиката која ја исполни салата до последното место и уживаше во секој миг и во секоја испеана песна.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm