CSS Template

Првото бебе во Прилеп се роди 5 минути по полноќ

252
Avtokontrol1

Само 5 минути по полноќ во градската болница во Прилеп, на свет дојде Ива Кедиоска,втора рожба на мајката Андријана. Мајката пресреќна се заблагодари за целата грижа што и ја посветил дежурниот тим во Акушерското одделение.
„Многу сум среќна и благодарна на целиот тим на болницата,најмногу на д-р Оропан, пресреќна сум. Подобар подарок од овој не можев да добијам во новата година. Поминав со лесно, бебето е здраво и живо, се е во ред“, изјави мајката Андријана Кедиоска.
Дежурниот доктор и началник на одделот, д-р Моника Грашеска, акцентираше дека и новороденото и мајката се во добра состојба.
„Првото бебе родено во нашата болница е во 00:05 часот. Бебето е женско, тешко е 4 килограми, здраво, во добра општа состојба, исто како и неговата мајка“, изјави д-р Грашеска.
Градоначалникот Илија Јованоски ја посети мајката и бепчето, и од името на Општина Прилеп им врачи штедна книшка за 15.000 денари.
„Им честитам на родителите, посебно на мајката за ова второ по ред женско дете во нивното семејство. Да им посакам добро здравје, среќа и радост во 2019-та година и овој радосен чин нека го означи почетокот на една берикетна година за болницата и општината воопшто“, порача градоначалникот Јованоски.
Честитки до мајката на првото новородено дете упати и директорот на градска болница во Прилеп, д-р Драги Богоески, акцентирајќи дека наскоро во рамките на бројните градежни зафати во болницата ќе биде реновирано и акушерското одделение.
„Минатата година беа преземени неколку зафати во поглед на осовременување и опремување на болницата. Се набави многу опрема. Во текот на јануари ќе пристигне нова опрема. Набавивме веќе плазма стерилизатор, два оперативни нови стола, сега следат два нови ехо апарата, монитори за во интензивна нега, во делот на интерно одделение, набавка на нови 100 кревети“, изјави директорот, д-р Богоески.
Како што рече во болницата комплетно е реновирана болничката аптека и лабораторијата, сега ќе се реновира блокот амбуланти, зафати што треба да завршат до крајот на овој месец. По завршување на постапката за јавна набавка на услугите, ќе почнат и градежните работи за реновирање на акушерското одделние за што покрај сопствените се обезбедени и средства од Министерството за здравство.
„Делумно е решен и проблемот со кадровското екипирање на болницата. Најголемиот проблем е недостигот на млади доктори, коишто би ги замениле повозрасните специјалисти. Минатиот месец се вработени 10 нови доктори, за годинава според планот треба да се вработат уште 15 доктори по општа медицина, коишто натаму би се упатувале на специјализација. Не знам дали ќе обезбедиме толкава бројка, значи колку би се пријавиле за вработување. Имаме информација дека има нова генерција доктори, кои доаѓаат на стажирање и коишто се пред полагање на испит за добивање лиценца. Се надевам дека најмалку 10 нови доктори ке вработиме годинава“, вели д-р Богоески.
Тој акцентира дека градската болница и во овој момент овозможува квалитетна здравствена заштита за пациентите. Кадровскиот недостиг се реперкуира не врз квалитетот на услугите, туку врз ангажманот на поединците специјалисти со чии напори се одржува чекор со потребите на пациентите.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm