CSS Template

На Божиќ божиќен ручек за 500 деца

250

Tрадиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. Оваа година, по 10ти пат на оваа прослава ,Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му го доделуваме на г-дин Живко Мукаетов, Генерален Директор на А.Д. „Алкалоид“ од Скопје.

            Петстотини деца од Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, верска припадност и национална припадност, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Штип, Тетово, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ширум државава.

На сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски. Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар.И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на : А.Д. „Мермерен комбинат“ од Прилеп, ДГТЖикол“ од Струмица.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm