CSS Template

(фото)Во Општина Новаци во повеќе населени места се фрлаше крстот

296
Avtokontrol1

Во повеќе населни места во Општина Новаци се фрлаше светиот крст, по повод денешниот празник, Богојавленије – Водици.Од 12 пријавени за фаќање на светиот крст, Во с.Новаци, оваа година најсреќен беше, Ице Марковски од Новаци, кој за прв пат го извади светиот крст .Главната церемонија се одржа во црквата СВ Атанасиј Велики во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.

Градоначалникот присуствуваше на светиот чин на фрлање на крстот во с. Добромири и во с.Рибарци и на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .

Општината обезбеди парични награди за сите оние кои се фрлија по светиот крст, во сите 14-ет населени места, каде се негува традицијата на одбележување на Водици.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm