CSS Template

Започна II полугодие, дали ќе се одработуваат двата дена?

302
Avtokontrol1

Учениците се вратија во клупите, но не се знае дали ќе се одработуваат двата дена. Околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња, утрово се вратија на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година. Тринеделниот распуст беше пролонгиран со дополнителни два дена одмор на основците и средношколците – од загадениот воздух.
Итната мерка за уште два дена распуст, Владата и МОН ја донесоа во неделата попладне. Вчера, мерката беше стопирана бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање.
Според заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов до понеделник ќе се знае – дали двата дена ќе се одработуваат и до понеделник ќе ги извести сите општини и училишта.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni