CSS Template

Комуналците го чистат градот

288

Јавното комунално претпријатие ,, Комуналец,, започнаа со генерално чистење на градов. Со оглед на долготраноста на ниските температури, задржувањето на снегот и голомаразицата, комуналците наредниве денови ќе имаа зголемен обем на работа .

,,Најнапред ќе се чистат главните сообрајќајници и тротоари, плоштадите и старата чаршија . Започнуваме со чистење со цистерни на млазница, за да се турне калта во сливниците, за потоа да пристапиме кон метење на камчињата кои ги има во големи количини. Третата работана операција ќе ни биде рачното миење со цистерна и црево. Годинава мораме да делуваме со цистерни со силен преден млаз, зашто по улиците се се` претвори во кал – потенцира Даре Цветаноски, раководител на Сектор за ЈПП, паркови и  зеленило

                                 АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ  и ВОЗАЧИТЕ!

,, Ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, да внимаваат кога ги претекнуваат возилата од Комуналец, а можат да покажат и доблест да ги пропуштаат нашите возила, механизација и работниците, зашто оперативата работи на повеќе релации низ градов,, додава Цветаноски.

Ова е редовна работна обврска на Комуналец, согласно Програмата за одржување на Јавно прометни површини. Паралено со ЈПП се прави и темелно чистење на парковите.  Снегот кој се задржа подолго време си го напрви своето, а сега е ред на Комуналците, доколу ги послужи времето, да исчистат се она што остава зимата зад себе, зашто според метеоролозите, веќе од утре,петок, се најавува заладување и врнежи од снег

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm