CSS Template

Со часови возачите чекаат да се деблокира Плетвар. Снегот вечерва направи големи проблеми

737
Avtokontrol1

Силните врнежи од снег вечерва направија доста проблеми на повеќе патни правци низ Македонија, а особено ситуацијата е драматична на Плетвар, каде колона восила  чекаат и повеќе од 4 часа да се деблокира патниот правец.

Според информациите на АМСМ, Патниот правец Росоман – Прилеп е во прекин поради извртено возило, неофицијално се дознава дека се работи за камион на Македонија пат.

Од 19:30 часот патниот правец Демир Капија – Гевгелија се пренасочува по стариот пат, поради сообраќајна незгода.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:
Од 20:00 часот e воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп, преку планинскиот премин

Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин
Ѓавато.

Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm