CSS Template

РК Прилеп 2010 не стартува со тренинзи – причина неисплатени плати!

586
Avtokontrol1

Ракометниот суперлигаш Прилеп сеуште не почнува со базичните подготовки за навата сезона, причината е што ракометарите во знак на протест поради неисплатените плати решиле да не доаѓаат на тренинзи додека не се подмират барем дел од долговите. Ракометарите бараат исплата на двете заостанати плати. Средствата за поддршка на клубот треба да бидат обезбедени од Буџетот на Општина Прилеп според одлуката на Советот на општината.
Ракометниот клуб Прилеп 2010 во понеделникот имал закажано прозивка за почеток на подготовките за втората полусезона во Суперлигата, но на тренингот во салата „Ристе Ристески Ричко“ се појавиле само двајцата тренери Пеце Велјаноски и Тони Димоски.
По 14 натпревари во ракометната Суперлига, Прилеп е на осмата позиција со 10 бода, еден повеќе од Вардар јуниор, кој е последен. Во втората полусезона преостануваат уште 4 кола, и разигрувањето за Плеј – аут за опстанок во македонската Супер лига. Но доколку навреме на започнат подготовките тешко дека прилепските ракометари ќе имаат шанса за опстанок во ракометното елитно друштво. Првата екипа на РК Прилеп брои 17 ракометари сите од Прилеп, а клубот го напуштија двајцата „странци“.
Стартот за пролетната сезона во македонската ракометна Супер лига е закажан за 2 ри март.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni