CSS Template

Нејзиното величество Пролет

...и неговото височество Кокиче - цвеќето на надежта.

402
Avtokontrol1

 

Има ли нешто поубаво кога ќе се појават првите знаци, малите принцеви – предвесници на нејзиното височество Пролетта?!

Кокичињата како мали ѕвончиња, кои плачат за вода и малку внимание, се поклонуваат над полусувата трева. Изникнуваат од неа, чиниш преку ноќ за да ја измамат насмевката на минувачите.

А можете ли да останете рамнодушни на оваа убавина?
Кревка, но храбра, нежна но, во исто време силна, која се изборила со снегот и мразот да бликне во бело – зелениот сјај!
Нејзиното височество Пролетта ги пушта своите предвесници да не потсети дека не случајно е најубавото годишно време за повторно да не исполнува со радости.
Родот кокиче вклучува околу 20 видови ниски монокотиледонски и многугодишни растенија кои и припаѓаат на фамилијата кокичиња. Вообичаената боја е бела. Кокичињата изгледаат како капки млеко кои висат од стеблото, па од таму потекнува и латинскиот термин Galanthus што значи млечно бели цвеќиња.

Освен што се предвесник на пролета, кокичињата се и цвеќиња на надежта. Според легендата, кокичето станало цвеќе на надежта кога Адам и Ева биле протерани од Едемската градина.

Во еден момент кога Ева ја изгубила сета надеж дека зимата никогаш нема да заврши, дека нема да заминат студените денови, се појавил ангел кој ги трансформирал снегулките во цветот кокиче и со тоа повторно им ја вратил надежта за потопли и подобри денови. Оваа легенда ни укажува дека секогаш постои надеж, дека секоја зима си има своја пролет, а пробивањето и растењето на кокичињата во снегот се показател за подобрите денови кои доаѓаат.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni