CSS Template

Налетот на грипот допрва доаѓа

264
Avtokontrol1

„Налетот на грипот допрва доаѓа!„- предупредуваа епидемиолозите. Најкритично период е кон крајот на февурати и почетокот на март ,а грипот како болест е присутна до апирл.  Најзагрозени категории се децата и хрониичните болни, а надобрата заштита е вакцинирањето против сезонски грип.

„Споредбено со мината година во Прилеп, Долнени и Кривогаштани бројот на заболени во овој исти период од годината е помал за 30% вели епидемилогот  од ЈЗУ Центарот за јавно здравје – Прилеп, д-р Татјана Мургоска Станимировиќ

 „Во ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп регистриани се 187 забоволени од грип, но тоа не е реалната бројка . Тоа се само оние кои се јавиле кај матичниот лекар и побарале помош. Бројката на заболени е поголема со оглед на тоа што голем дел од заболените од грип се лекуваат во домашна атмосфера“-  вели епидемилогот  од ЈЗУ Центарот за јавно здравје – Прилеп, д-р Татјана Мургоска Станимировиќ

Најдобрата заштита од грипот е вакцинирањето.Оваа година во Прилеп пристигнаа 3200 вакцини , 200 повеќе од мината година, и сите вакцини се искористени, што говори дека граѓаните се интересираат за вакцинацијата против сезонскито грип, но сепак ,сеуште е мал бројот на лицата кои се вакцинираат против сезонскиот грип ,велат епидемиолозите.

ШТО Е ГРИП И КАКО ДА СЕ ПРЕВЕНИРА?!

Грипот е лесно преносливо заболување. Кај лицата кои се заболени од грип се препорачува да останаТ дома, да бидат изолирани се додека траат симптомите на грип и да ги намалат контактите со останатите членови од семејството.

При кивање и кашлање да се покрива устата со марамче, често да се проветрува просториата во која престојуваат болните и поголема нега и третман за побрзо оздравување. А, да се превенира заразата од грип се препорачува луѓето во овој период од годината да ги избегнуваат контактите со лица кои се заболени, да се избегнуваат масовни собирања, почесто да се вршат проветрувања на просториите во кои секојдневно се престојува, почести одмори, помала физичка активност и балансирана исхрана со многу течности, витамини и минерали. Лицата кои што се болни, не треба да одат на работа, на училиште или в градинка, е препораката на епидемолозите

КОЈ СЕ СИМПТОМИТЕ?!

Симптомите на грип се во вид на настинка.На почетокот доминираат општи симптоми на настинка но веднаш кај заболениот од грип се појавува изнемоштеност, покачената температур над 38 или 39 степени, како и кашлицата која се појавува по еден /два ден, болки во мускули и зглобови.Тоа се симптомите на грип кога и треба веднаш да се побара лекарска помош.
Епидемиолозите со препорака до сите болни: задолжително да посетува матичен лекар за да им ја препише неопходната терапија, особено оние со потешка состојба за да може навреме да ги преупати на специјалистичко, болничко и друго неопходно лекување.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni