CSS Template

Одбележување на 69 години од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“

247
Avtokontrol1
Со прикажувањето на претставата „Пиреј“ од Петре. М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, (19.30 ч.) понеделник ,театарот „Војдан Чернодрински“ ќе одбележи 69 години од основањето.
Публиката ќе има можност да ја проследи извонредната претстава за трагичната судбина на Јон и Велика, досега изведена над десетина пати. „Пиреј“ е вонвременска и потресна приказна за неуништливоста на македонскиот народ и неговото страдање, во која играат Марија Спиркоска Илиjеска, Александар Степанулески, Катерина Чакмакоска Клинческа, Зоран Иваноски, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Димитар Вандески, Цветанка Чавлеска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Наќе, Димитар Црцороски –Михајло Миленкоски, Александар Тодески, Виктор Мирчески и Давид Папазоски .Сценографија е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а
автор на музиката е Димитар Андоновски.
Инаку, завеста во театарот „Војдан Чернодрински“, за првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања„ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.
Низ годините театрот ,, Војдан Чернодрински,, растел и се развивал. Прикажани се над 370 премиери, одиграни се над 7000 претстави кои ги гледале одолу 2 милиони луѓе. Меѓу, претставите кои се за одбележување се најгледаната “Солунски патрдии” во режија на Коле Ангеловски, потоа „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски. Останале запаметени бројни претстави меѓу кои Силјан Штркот”, “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “Спиро Црне”, “Арсениј” , “Полковникот птица”, “Опера за три гроша” …
Изминатите години театарот освои бројни награди не само на фестивалот „Војдан Чернодрински“, туку и на „Ристо Шишков“, како и на ЕКСПОНТО во Љубљана, МЕСС во Сараево, на фестивалот на актерот во Никшиќ…. Наградени се претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“,„Змејовата невеста“, „Клетници“….
Во годината кога се одбележуваат 69 години од основањето, театарот со поддршка на Министерството за култура ќе реализира четири премиери, а на редовниот репертоар се неколку претстави.
semm
Farma Dolneni
Vivafarm