CSS Template

Како да се поттикне семејното земјоделство?!

308
Avtokontrol1

Во Македонија во Единствениот регистар на земјоделски стопанства евидентирани се вкупно 170.523 земјоделски стопанства и од нив над 36 илјади носители се жени. Согласно официјалните статистички податоци, 12 отсто од БДП отпаѓа на земјоделството, 180 илјади семејства егзистираат од оваа дејност, а 45 проценти од населението живее во руралните средини.
Вкупната дигитализирана обработлива површина е над 233 илјади хектари, со просечна површина 0,52 хектари на едно македонско земјоделско стопанство.
Но, земјоделските семејства во општеството се губат со голема брзина. Концептот семејна фарма е се поредок. Се повеќе земјоделци се пензионират без наследници со што во неповрат одат и вештините пренесувани со генерации. Малите држави како нашата се под голем притисок од големите регионални корпорации чија цел е профитот, а тоа е спротивно на идејата за развој на руралните подрачја, беше речено на денешната сесија на Работната група за земјоделство и рурален развој што се одржува во рамки на Националната конвенција за ЕУ во МКД.
Денешната работна сесија е четврта на работната група за Земјоделство и рурален развој, организиранa од страна на Националната конвенција на Европската унија во Македонија.
На работната сесија министерот Николовски, ги презентираше дел од мерките за развој на семејното земјоделство. Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2019 година опфаќа неколку мерки и видови на поддршка. Мерката за финансиска поддршка за младите фармери за оваа година е зголемена од 10.000 на 20.000 евра, а дополнително, се отстранува и границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Дополнително со мерката Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство се поддржуваат локалните земјоделски производители и семејните фарми.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски порача дека земјава мора да ги зачува засега евидентираните 13 илјади земјоделски стопанства во руралните средини.

semm
Vivafarm
Farma Dolneni