CSS Template

Гори околината на с Дабница. Апела до граѓаните за помош !

540

Пределот околу с. Дабница во моментов е зафатен од пожат од поголеми размери.Противпожарната служба апелира до граѓаните од општина Прилеп кои имаат куќи и викендици во село Дабница, да се упатат кон селото со цел да помогнат во справувањето со стихијата и зачувување на нивниот имот.

Екипите на Територијалната противпожарна единица од Прилеп се излезени на теренот кој е зафатен од пожарот и  интервенираат со две противпожарни возила и десетина пожарникари. Пожарникарите прават напори да го спречат ширењето на пожарот оти постои опасноста да ги зафати куќите во село Дабница.

Слободан Момироски, водач на група и заменик командир на смена, вели дека боровата шума која се наоѓала лево од селото е веќе изгорена. Секој момент очекуваат помош во техника и персонал и од шумската полиција.

 

semm
Farma Dolneni
Vivafarm